Colief капки за бебета, намалява часовете плач

COLIEF – ЕДНА УСПЕШНА ПРИКАЗНА

Colief Капките за бебета

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Colief капките за бебиња се резултат на напорите на Мери Бакли, една мајка, која очајно се обидува да најде решение за постојаното плачење на нејзиното бебе. Мери се обратила кај нејзиниот лекар за помош и го посетувала 2-3 пати неделно, со своето бебе Ребека. Тој  и посочил дека плачот на Ребека се должи на недостаток на ензимот лактаза и дека во САД постои производ што го содржи  овој ензим кој се додава во исхраната на луѓето со интолеранција на лактоза и при тоа можат да внесуваат млеко и млечни производи без непријатни несакани ефекти.

Мери се досетила дека овој производ може да се приспособи за бебиња со привремен недостаток на лактаза. Првичните истражувања во болницата во Корк покажале дека производот има одличен ефект во однос на бебешките колики. Истражувањата не биле обемни, но  добиените резултати биле значителни и биле објавени во професионалниот месечник за исхрана и диететика - "Journal of Human Nutrition and Dietetics" во септември 1998 година. Тие покажале дека преку разградување на лактозата во бебешката храна, со додавање на капки со ензимот лактаза во млекото пред јадење, бебињата плачат многу помалку.

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Овие резултати беа потврдени од следните подетални истражувања во лондонската болница Guy's Hospital и повторно биле објавени во "Journal of Human Nutrition and Dietetics" во октомври 2001 година.

Така, мајчината решителност да се најде решение за проблемите на нејзиното бебе станува причина за развојот на производ кој има потенцијал не само да го олесни животот на бебињата, туку и на нивните родители.

Во 1991 - проф Кеарнеј во универзитетската болница во Корк, Ирска, стартува голем број истражувања и докажува дека додавањето на лактаза во бебешката храна ги намалува коликите. Резултатите од ова истражување се презентирани во 1994 година пред Кралскиот колеџ за педијатрија. Тие се објавени и во месечното издание Journal of Human Nutrition and Dietics во август 1995 година.

Во 1995 година компанијата Crosscare Limited добива дозвола од Ирските регулаторни тела да го воведе на пазарот препаратот Colief Infant Drops / Колиф капки за бебиња. Препаратот е за олеснување на состојбата и непријатноста од коликите како последица на физиолошкиот привремен лактазен дефицит кај доенчињата,така да уште со воведување на пазарот, препаратот има удел од над 60%.

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Во 1998. зад истражувањето на проф. Кеарнеј застанува и авторитативното издание "Journal of Human Nutrition and Dieticts" преку нивните објави.

Во 1999. препаратот добива дозвола од регулаторните здравствени органи и почнува со продажба и во аптеките во Англија, така да во 2000 година препаратот зафаќа 50% од пазарот на слични продукти во Англија.

Во 2001 година завршува и клиничката студија во Детската Универзитетска болница (Guy's Hospital) во Лондон, спроведено од д-р Дипак Канабар што ја докажува ефективноста на Колиф капките за бебиња, како средство за намалување на коликите.

Во 2005. препаратот почнува да се препорачува кај педијатрите и општите лекари од Министерството за здравство во Ирска како средство од прв избор при колики, како последица на физиолошки привремен лактазен дифицит кај доенчињата.

Во 2006 година Министерството за здравство на Велика Британија добива увид за значењето и позитивните ефекти од употребата на капките за бебиња Colief, како и за трошоците што владата би можела да ги заштеди од нивната примена. Тоа е причината Colief да биде усогласен под контрола на Националната здравствена служба. Денеска насекаде во Велика Британија матичните лекари и педијатри препишуваат Colief за лекување на коликите кај бебињата.


ОДОБРЕНО ОД БРИТАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПЕДИЈАТРИ






Copyright © 2007-2011 CROSSCARE LIMITED