Colief капки за бебета, намалява часовете плач

COLIEF ГО НАМАЛУВА ПОВЕЌЕЧАСОВНОТО ПЛАЧЕЊЕ

COLIEF намалява часовете плач

Во минатото коликите се третирани со dicyclomine (Bentyl), кој веќе не се употребува поради несаканите ефекти, вклучувајќи респираторни тешкотии, кома и смрт. Се користат исто така и домашно подготвени раствори (од копар, сода бикарбона, алкохол и др.).

До сега сите напори беа насочени кон справување со вишокот гасови како конкретна причина за коликите кај бебињата. Широко распространетите капки против гасови содржат Simethicone, не се апсорбираат во организмот, немаат несакани ефекти, но тие не ја отстрануваат причината за појава на гасовите, не влијаат на т.н. секундарна ферментација. Истражувањето спроведено во 1994. од Metealf не открива ништо повеќе од плацебо ефект во нив.

Нов пристап во борбата против коликите се напорите насочени кон справување со причината за појавата на бебешките колики, односно со привремениот ЛАКТАЗЕН дефицит, состојба каде што неразградената и неапсорбираната лактоза се распаѓа под дејство на бактериите во дебелото црево и се ослободуваат млечна киселина и водород, кои предизвикуваат подуеност, гасови и болка - КОЛИКИ.

Преодeн или краткотраен лактазeн недостаток со истражувањето е докажан како главна причина за КОЛИКИ кај бебињата.

ПРИВРЕМЕНИОТ ЛАКТАЗЕН ДЕФИЦИТ е резултат на недостатокот на ензимот лактаза кој го разградува млечниот шеќер – лактоза во цревата.

Colief капките за бебиња се важно научно достигнување во борбата со колики предизвикани од привремениот лактазен дефицит.

Colief е природен пристап кон доенечките колики, соодветен како за доенчиња, така и за бебињата на адаптирано млеко.

Colief им овозможува на бебињата да се хранат со "вообичаеното" млеко,мајчино или прилагодено, без да се користи замена и да се намалуваат тешкотиите при варењето.

Colief содржи природен ензим лактаза кој додаден во млекото ја разградува лактозата на гликоза и галактоза кои лесно се ресорбираат, како основен извор на енергија потребен за развој на бебето.

За бебињата е важно да не се отстрани целата лактоза, бидејќи тоа го стимулира организмот самиот да го создава ензимот. Затоа 4 капки Colief разградуваат 70% од лактозата во 100 мл. млеко.

Colief може да се користи уште од раѓањето. Colief треба да се додава во секој оброк додека бебето наполни 3-4 месеци, По таа возраст организмот на бебето создава доволни количини лактаза па и непријатностите исчезнуваат.

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Главната состојка во Колиф капките за бебиња е ензимот ЛАКТАЗА кој природно се наоѓа во човековиот организам.

Основната храна за бебињата се млекото, млечните производи, мајчиното млеко, прилагодените млека кои содржат сложен шеќер, наречена ЛАКТОЗА, која ја сочинуваат простите шеќери галактоза и гликоза.

ЛАКТАЗАТА е ензим, природно произведен од човечкото тело кој е потребен за разградување на сложените шеќери во млекото до прости шеќери и на тој начин помага во нивното искористување во организмот.

Во првите месеци од својот живот, бебето прима исклучиво млечна храна. Физиолошкиот привремен лактазен дифицит кај доенчињата предизвикува напнатост во стомакот како последица на остатокот  на недигестирана лактоза, внесена со храната, мајчиното млеко или адаптираните млека. Тоа е причина за појавата на т.н. "колики" кај бебињата.

Капките Колиф се додаток во исхраната кои содржат ензим лактаза, кој нормално го има во човековиот организам и помага во разградување на лактозата.

Додаден во храната на бебето ензимот лактаза помага во разградување на лактозата до едноставни и лесни за ресорпција шеќери - галактоза и гликоза и на тој начин помага во нејзиното искористување во организмот, поволно влијае  на дигестивните функции на гастроинтестиналниот тракт и помага во избегнувањето на напнатоста во стомакот, а со тоа и на коликите.

Colief Капките за бебета




Copyright © 2007-2011 CROSSCARE LIMITED