Го намалува повеќечасовното плачење
Colief infant drops / Колиф капки за бебиња, додаток во исхраната (ензим лактаза)
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Внимателно прочитајте го и чувајте го ова упатство, тоа содржи важни информации за Вас и Вашето бебе!
Додатокот во исхраната Колиф капки за бебиња се додава во мајчиното или адаптираното млеко при секое хранење на доенчето.
Одмолзете неколку лажички ( 15 мл.) млеко.
Додадете 4 капки Колиф
Дајте му ги на бебето со лажичка.
Потоа доењето продолжува како и вообичаено.
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Подгответе ја храната на Вашето дете според упатствата на производителот. Додадете 4 капки Колиф на така подготвената храна која не треба да е врела,туку на телесна температура. Протресете го енергично шишето, почекајте 1 / 2 час и дајте му го на бебето, откако сте се увериле дека температурата на храната е соодветна. Остатоците од храната не ги чувајте, туку фрлајте ги!
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Следете ги внимателно упатствата на производителот. Додадете 2 капки Колиф на така подготвената храна, која треба да е на телесна температура. Чувајте ја во фрижидер околу 4 часа. Пред да започнете со хранењето загрејте ја храната до соодветна температура (телесна).
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Загрејте ја храната до соодветната температура. Додадете 4 капки Колиф во готовото јадење, кое треба да биде на телесна температура. Протресете го енергично шишето, почекајте 1 / 2 час и започнете со хранењето откако сте се увериле дека температурата на храната е соодветна. Остатоците од храната не ги чувајте,туку фрлајте ги!
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Колиф капките за бебиња содржат ензим лактаза, кој се разградува на висока температура. Подготвувајте ги адаптираните млека секогаш според упатствата на производителот.
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Не ги давајте капките директно на вашето бебе. Не додавајте Колиф капки за бебиња во многу топло или многу ладно млеко.
Во зависност од честотата на хранење и возраста на бебето. (0-3 месеци – 7 пати, 4 месеци – 6 пати дневно)
Доење: 0-3 месеци – 28 капки дневно / 4 месеци - 24 капки дневно
Вештачка исхрана: 0-3 месеци – 28 капки дневно / 4 месеци - 24 капки дневно
Да не се надминува потребната доза
Времетраење на употреба: до 4 месечна возраст или до исчезнување на коликите
Состав: ензим лактаза, глицерол, вода
Содржина: 7 мл / 160 капки
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Главната состојка во Колиф капките за бебиња е ензимот ЛАКТАЗА кој нормално се создава во организмот на човекот.
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Млекото, млечните производи, мајчиното млеко, адаптираните млека содржат сложен шеќер, наречен лактоза, кој го сочинуваат простите шеќери галактоза и гликоза. ЛАКТАЗАТА е ензим, природно произведен од човечкото тело, кој е потребен за разградување на сложените млечни шеќери до едноставни шеќери и на тој начин помага во нивното искористување во организмот.
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Во првите месеци од својот живот, бебето прима исклучиво млечна храна. Физиолошкиот привремен лактазен дeфицит кај доенчињата може да доведе до напнатост на стомакот како последица на остатокот од недигестирана лактоза, внесена со храната, мајчиното млеко или адаптираните млека. Ова може да доведе до т.н. "Колики" кај бебињата. Нормално, тоа е период кој започнува во првите недели по раѓањето и трае до 3-4 месец.Стресен период, како за родителите така и за бебето. Период на часови плач.
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Капките Колиф се додаток во исхраната кој содржи ензим лактаза кој нормално се создава во човечкиот организам и помага во разградување на лактозата. Додаден во храната на бебето ензимот лактаза го помага разградувањето на лактозата до едноставни и лесни за ресорпција шеќери – галактоза и гликоза и на тој начин помага во нејзиното искористување во организмот, поволно влијае на дигестивните функции на гастроинтестиналниот тракт и помага во избегнувањето на напнатост во стомакот, а со тоа и на коликите.
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Се препорачува додавање на Колиф капките за бебиња при секој оброк на бебето до 3-4 месечна возраст, по таа возраст знаците на колики се губат. По третиот месец, или ако коликите не се толку изразени, додавањето на Колиф капките за бебиња во храната може да биде намалено, на почетокот – се намалува дозата, а потоа се даваат само при вклучување на алтернативна храна и конечно само еднаш дневно,по што целосно се исклучуваат капките. Нормално, ова се случува на крајот на 4-от месец. Ако знаците на колики се појават повторно, може да започнете со додавање на Колиф капките за бебиња по вообичаената шема.
Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Производот да не се употребува како замена за храна.
Услови на чување:
Еднаш отворен, да се чува во фрижидер.
Да се чува на суво место, недостапно за деца.
Рок на траење по отварањето: три седмици.
Да не се употребува по истекот на рокот на траење.
Зa повеќе информации: тел : +389 02 2603609
Производител: CROSSCARE LIMITED of Broomhill Road, Tallaght, Dublin 24, Ireland
Увозник: Кемо-Фарм ДООЕЛ, ул.8 бб, Визбегово, Скопје
Colief е регистрирана трговска марка на CROSSCARE LTD, пат. No 00025848, последна регистрација од март 2006