Colief капки за бебета, намалява часовете плач

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

въпроси и отговори

Што претставуваат Капките за бебиња Colief?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Капките за бебиња Colief не се лек, туку додаток во исхраната за употреба со бебешкото млеко. Активната состојка е лактаза, безопасен ензим кој природно се создава во тенкото црево.

Што претставува лактазата?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Млекото, адаптираните млека, мајчиното млеко и млечните производи содржат сложен шеќер (Дисахарид) лактоза. Лактазата е ензимот кој нашиот организам треба да го произведе за да се распадне лактозата од млекото и млечните производи до прости шеќери (моносахариди) гликоза и галактоза, кои преку нормалниот процес на варење потоа ќе се апсорбираат.

Преоден недостаток на лактаза 

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Докажано е дека постои врска меѓу преодниот недостаток на лактаза и коликите кај бебињата. Недоволната количина од ензимот лактаза води до неспособност на организмот да ја апсорбира лактозата. Како резултат, неапсорбираната лактоза под дејство на цревните бактерии се разградува до млечна киселина и водород кои се причина за надуеност и гасови. Возможно е бебето да се роди со сé уште недоволно развиен систем за варење и да не може да произведува доволни количини лактаза. Меѓутоа, кога ќе наполнат 3-4 месеци дигестивниот систем доволно е развиен, па може да ги произведува потребните количини лактаза за нормална преработка на храната.

Како делуваат Капките за бебиња Colief?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Капките за бебиња Colief не се лек за колики кај бебињата. Додавање  во млекото само го компензира можниот привремен недостаток на лактаза во детскиот систем за варење. Додадени во млекото, Colief го намалуваат значително нивото на лактоза, ја разградуваат до гликоза и галактоза. Истражувањата покажаа значително намалување на вкупниот број  часови на плачење кај бебињата.

Што содржат Капките за бебиња Colief?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Состојките на капките за бебиња Colief се: ензим лактаза (нормално присутен во организмот), глицерин (исто така, учествува во организмот како дел од процесот на конверзија на мастите во енергија) и вода. Ниту една од состојките не претставува никаква опасност за бебето.

Подобни ли се капките за вегетаријанци?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Да.Единствена состојка освен водата и глицеринот е ензимот лактаза(добиен од габа).

Од која возраст може да се употребуваат Капките за бебиња Colief?

Капките за бебиња Colief можат да се употребуваат од самото раѓање.

Дали може да се даваат Капките за бебиња Colief дирекно на бебето?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Не. Капките за бебиња Colief би требало да се додаваат на вообичаеното млеко на бебето (мајчино или прилагодено млеко) бидејќи Colief е дизајниран да влијае само на бебешка храна. Покрај тоа, лактазата го губи своето дејство од киселоста на плунката и нема да има никаков ефект.

Како се употребуваат Капките за бебиња Colief при хранење со шишенце?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Шишето треба да се подготви, како и обично и треба да се излади до телесна температура (ниту ладно, ниту врело). Додадете 4 капки Colief, протресете внимателно и оставете го 1 / 2 час за да може Colief да делува. Потоа загрејте го шишето ако е неопходно.

Како се употребуваат Капките за бебиња Colief при доење?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Одмолзете неколку милилитри млеко во стерилен сад. Потоа додадете четири капки Colief и дадете му го на бебето со стерилна пластична лажичка.Продолжете со доењето веднаш потоа.

Како се употребуваат Капките за бебиња Colief при спакувани, готови за употреба адаптирани млека?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Опција 1: Отворете го пакувањето, ставете го во шише, додадете две капки. Чувајте во фрижидер околу четири часа пред употреба. Потоа стоплете го и употребете. 

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Опција 2: Отворете го пакувањето, ставете го во шише, загрејте внимателно до телесна температура, додадите четири капки Colief и употребете го по околу половина час. По отворањето адаптираното млеко треба да се чува во фрижидер и да се употребува според упатствата на производителот. Colief дејствува најдобро со млеко, што е загреано на телесна температура:  не треба да се додава во ладно млеко.

Може ли да се приготви повеќе от едно шише одеднаш?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Да. Иако ние препорачуваме млекото со Colief да се искористи во рок од 12 часа, дури и кога се чува во фрижидер.Дејството на Colief прекинува по разградување на лактозата во првите четири часа и нема друго дејство во наредните часови. Така млекото во кое е додадено Colief ќе содржи малку лактоза, кога и да се користи, но сепак не се препорачува да се чува премногу долго, дури и во фрижидер.

Дали може да се употребуваат Капките за бебиња Colief со адаптирани или други млека, кои не содржат лактоза?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Нема причина Colief да се употребува со адаптирани млека од соја бидејќи тие не содржат лактоза и затоа Colief нема активен ефект.

Дали може да се употребуваат Капките за бебиња Colief кај адаптирани млека, создадени врз основа на козјо млеко?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Да: адаптираните млека создадени врз основа на козјо млеко содржат лактоза, исто како и другите млека. Применувајте ги капките за бебиња Colief, како и кај другите адаптирани млека.

Го дојам бебето секој пат кога ќе заплаче, на секој час или два. Дали треба да користам 4 капки секогаш?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Ако го доите бебето толку често може да одмолзете половина чаша и да ја чувате во фрижидер, а потоа земете неколку лажички, затоплете до телесна температура, додадете Colief и давајте му на бебето секој пат пред јадење. Ако доењето е помалку (прибл. 50 мл.) може да користите само по две капки Colief.

 

Колку често можат да се користат Капките за бебиња Colief и колкав период?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

 Капките за бебиња Colief може да се користат при секој оброк додека бебето не наполни 3-4 месеци, кога коликите треба да исчезнат. Тогаш треба да го намалите количеството Colief постепено, прво ја преполовувате дозата, а потоа само еднаш дневно до потполно сопирање. Ако коликите  повторно се појават можете пак да давате Колиф по вообичаената шема.

Како да се чуваат Капките за бебиња Colief?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Неотвореното пакување Colief треба да се чува на суво и проветрено место под 25 ° C. Отвореното пакување Colief треба да се чува во фрижидер и да се исфрли по 3-4 недели. Шишенцето не смее да се замрзнува.

Дали Капките за бебиња Colief имаат било какви несакани ефекти?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Кога ќе почнете да додавате Colief во млекото на бебето може да забележите промена во столицата. Таа може да личи како кај оние на мајчино млеко, односно станува поретка и почеста. Ако инаку бебето е добро, добива во тежина и мокрењето е нормално, нема причина за загриженост. Може да намалите од 2  на 1 капка на оброк.

Каде може да ги најдам Капките за бебиња Colief?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Colief може да се најдат во поголемиот број аптеки.

Одат ли Капките за бебиња Colief на рецепт?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Капките за бебиња Colief се одобрени од ACBS (Advisory Committee on Borderline Substances - асоцијација која ги советува GP-тата во Англија за производите кои не се лекови). Многу матични лекари сега препишуваат Colief (само во Велика Британија).

Каде се разработени Капките за бебиња Colief?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

 На почетокот на 90-тите професор Киерни од универзитетската болница во Корк, Ирска ги истражува капките за бебиња Colief и докажува дека исхраната со намалено ниво на лактоза е ефикасна за намалување на бебешки колики. Резултатите  биле претставени на Педијатрискиот Кралскиот колеџ на годишното собрание во пролетта 94 година и објавени во Journal of Human Nutrition and Dietetics во септември 1998 година. Овие резултати беа потврдени со опсежно истражување, кое се одржа неодамна во Guys hospital од доктор Дипак Канабар и објавени во Journal of Human Nutrition and Dietetics во октомври 2001 година.

Може ли да додадам од капките на веќе приготвено адаптирано млеко, што е во фрижидер?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Не и на ладна температура. Капките делуваат многу бавно во ладно млеко. Идеална температура потребна за да бидат ефективни ензимите е помеѓу собна и телесна температура, односно ниту премногу топла, ниту премногу ладна.

Како се употребуваат Капките за бебиња Colief при доење?

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Ако капките се дадат директно на бебето, киселоста во горниот дел на дигестивниот тракт ќе го неутрализира дејството на ензимите. Сепак, кога четири капки Colief  се додаваат на малку одмолзено млеко, ензимот е зашититен од киселоста во горниот дел на дигестивниот тракт, а потоа,измешан со храната, продолжува  да дејствува и го намалува нивото на лактоза во млекото. Веруваме дека во оваа форма ензимот "живее" околу 30 минути. Лабораториските истражувања покажуваат дека четири капки Colief во 100 мл. млеко загреано до телесна температура ќе разложи околу 70% од лактозата за 30 минути.






Copyright © 2007-2011 CROSSCARE LIMITED