Colief капки за бебета, намалява часовете плач

КОЛИКИ

колики

КОЛИКИ - зборот колики доаѓа од грчкиот збор kolikos што значи болка во колонот (дел од дебелото црево). До пред извесно време не се знаеше што точно претставуваат коликите. Некои лекари се шегуваат дека колики е збор од шест букви кој лекарите го употребуваат, за да не кажат "не знам".

Сигурни се две работи: 

1. Прво, бебето чувствува болки во стомакот.

2. Второ, бебето е исклучително нервозно.

 Постојан, необјаснив плач кај доенчињата е доста  честа појава. Иако сам по себе не е штетен за бебето, предизвикува стрес во семејството. Примената на различни терапии, како замена на мајчиното млеко со адаптирано, медикаментозни терапии и различни начини на држење на бебето се контрадикторни. Да се ​​советува семејството "само да чека" не е доволно. . Постојаниот плач може да им наштети на врската родител-дете, да биде причина за дисхармонија во бракот и да го зголеми ризикот од неправилно постапување со бебето.Непрестаниот плач води до појава на т.н. 'ШЕЈКЕН БЕБЕШКИ СИНДРОМ' или синдромот на "непредвидливо бебе", кој води до сериозни нарушувања во идниот физиолошки развој на детето..

СТАТУС НА ДОЕНЧЕТО

Главниот проблем на родителите е долгото плачење на бебето, кое започнува обично во првите 3 недели. Иако детето може да плаче во текот на целиот ден, најизразен е плачот во попладневните и вечерните часови. Плачот се карактеризира како силен, висок и продорен и може да трае со часови.Најчесто е пропратен со напнување на стомачните мускули и виткање на нозете, подигање на главата, црвенило на лицето и испуштање на гасови. Други симптоми се лошото спиење и тешкотии при исхраната. Постојаниот плач обично исчезнува кога бебето ќе наполни 3-4 месеци.

 Коликите се манифестираат кај 40-60% од бебињата  и се јавуваат подеднакво и кај двата пола. Оваа состојба се јавува обично во втората недела по раѓањето и трае неколку недели. Болките се јавуваат одненадеж и се придружени со силен долготраен плач со грчење и триење на ножињата. Грчевите се повторуваат неколкупати во текот на денот, со најголем интензитет во вечерните часови. Болките се ублажуваат по испуштање на гасовите.При преглед на детето може да се утврди подуеност на стомачето. Овие пречки се карактеристични за периодот на адаптација на дигестивниот систем и се должат на ензимските процеси во цревата и последователните засилени перисталтички бранови и цревни спазми.Доенечките колики, наречени уште папочни колики се физиолошки феномен кај доенчињата, особено во првите месеци од животот.Се забележува засилена перисталтика,заради значително растегнување на цревата од гасовите,кои се создаваат при млечна ферментација на мајчиното млеко.

Коликите не се болест, туку состојба на незадржлив плач кај инаку здравото бебе. Можеме да зборуваме за колики кога (критериуми на Wessel):

  • БЕБЕТО е помало од пет месеци
  • БЕБЕТО плаче повеќе од три часа на ден
  • БЕБЕТО плаче веднаш после хранењето
  • БЕБЕТО плаче најсилно помеѓу 6 часот навечер и полноќ
  • БЕБЕТО плаче последователно три или повеќе дена во седмицата
  • БЕБЕТО плаче три недели во континуитет
  • БЕБЕТО плаче а нема медицинска причина за тоа
Кога БЕБЕТО плаче:
  • плачот е силен и долготраен
  • лицето му се вцрвенува
  • ги свиткува колената кон стомачето или ги држи исправени и неподвижни
  • стомачето е тврдо на допир
  • стомачето е подуено
  • испушта гасови
  • околу устата се забележува помодрување (кај малите бебиња)
  • рацете понекогаш се стиснати во тупаница.
МЕЃУ 40 И 60 % ОД БЕБИЊАТЕ СТРАДААТ ОД КОЛИКИ

Таа состојба се среќава:

  • како кај првородените така и кај другите деца
  • подеднакво и кај машките и кај женските деца
  • и кај бебињата на мајчино и кај бебињата на адаптирано млеко.

За среќа оваа состојба не трае вечно. Кај 60% од бебињата наjизразените КОЛИКИ се до 3-тиот месец, а 90% веќе го немаат овој проблем на 4-месечна возраст. 

 За секоја мајка е важно да утврди дали постојаниот плач е последица на коликите. Во спротивно е неопходна итна консулатција со педијатар. Особено истакнати се коликите кај многу често доените и прихранувани деца, како и кај невропатичните деца.При лакомо цицање од градите или шишенцето бебето голта воздух, што е исто така причина за појава на колики. Коликите може да доведат до одбивање на дојката или шишенцето.Коликообразни болки имаат доенчињата со вродена пилорна стеноза, како и оние со пилороспазам. Тие се појавуваат на полн стомак пред повраќање и даваат болен белег на изразот на лицето. Коликообразни болки можат да се јават и при нетолеранција на адаптирано млеко. При таква нетолеранција, освен колики се појавуваат алергиски  реакции и дијареа. Затоа, треба да се разликуваат физиолошките колики од парафизиолошките состојби на детето и некои болести на стомачните органи.Дијагнозата- физиолошки колики треба да се постави од лекар, за да се исклучи можноста од друго заболување.Абдоминалните колики се третираат исклучиво по преглед и препорака на педијатар.

Некои експерти сметаат дека KOЛИКИТЕ придружени со интензивен и долготраен ПЛАЧ се должат на:
  • чувствителноста на дигестивниот систем
  • бебето голта многу воздух - причина за формирање на непотрбни гасови
  • несовршеност на нервниот систем на новородечето - на крајот на денот некои бебиња се толку заморени од се што се случува околу нив,нови звуци,искуства и чувства, па тие само плачат за да се опуштат.

Со годините коликите кај бебињата се предмет на се поопсежни истражувања. Привремената физиолошка неподносливост на лактоза кај бебињата е резултат на недостатокот на ензимот лактаза кој го разградува млечниот шеќер - лактоза во цревата. Лактозата ја има во сите видови млеко и млечни производи вклучувајќи го мајчиното млеко и адаптираните млека.Оваа состојба ја  намалува можноста на телото да ги апсорбира овие производи. Неразградената и неапсорбирана лактоза е изложена на нападот на бактериите во дебелото црево, при што се ослободува млечна киселина и водород. Тие предизвикуваат подуеност, гасови и болка – коликид тука може да се изведе и основната причина за оваа појава:

недоволно зрел дигестивен систем и тешкотии со апсорпцијата на јаглените хидрати, кои се содржани во мајчиното млеко и адаптираните млека

Гастроинтестиналните пореметувања кај бебињата кои произлегуваат од недоволна или отежната апсорпција на јаглехидратите, внесени преку мајчиното млеко или прилагодените млека се меѓу најчесто опишуваните причини за коликите. Мајките често опишуваат потешкотии кај децата како кркорење на стомакот и испуштање на гасови. Во 1991 година Малин и Бар ја докажaле врската помеѓу проблемите при апсорпција на лактозата и други јаглени хидрати и појавата на гасови кај доенчињата. Тие заклучиле дека ферментацијата на недигестираните јаглехидрати води до создавање на гасови како јаглерод диоксид и водород. Истражувањата покажуваат дека кај бебињата кои долго време плачат количеството на издишан водорот е поголемо,што претставува јасен показател за постоење на големо количество гасови.

Коликите  подеднакво се јавуваат и кај бебиња кои се хранат со мајчино и кај бебиња на адаптирано млеко. Друг доказ дека коликите се резултат на проблеми со преработка на јаглехидратите е еден експеримент спроведен во 1983 од Џејкобсон и Линдлберт кои го замениле мајчиното и адаптираните со млеко од соја, т.е. без лактоза. Ова неминовно довело до олеснување на симтомите, но повлекувањето на јаглехидратите од исхраната на бебето на подолг период води до последователен дисбаланс во метаболизмот, односно зголемена разградба на  протеини и масти на сметка на јагленохидратите и не се препорачува, освен ако нема утврдена алергија.







Copyright © 2007-2011 CROSSCARE LIMITED