Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4
Веднаш по раѓањето кај БЕБИЊАТА постои само рефлекс за цицање. Тие се во состојба да примаат само течна храна. Желудникот и цревата на БЕБИЊАТА во првите месеци по раѓањето имаат сеуште недоволно развиени функции и се во состојба да варат само млеко. Постепено со растењето се зголемуваат и нивните функционални можности за варење и создавање на доволни количини ензими.
Исхраната на новороденчето може да биде: Природна исхрана – доење; Мешовита исхрана – доење и дохрана со адаптирано млеко; Вештачка исхрана – само адаптирано млеко.При избор на адаптирано млеко задолжително посоветувајте се со Вашиот педијатар. Приготвувајте ги адаптираните млека, исклучиво според упатството на производителот. Остатоците од адаптираното млеко не се чуваат, туку се фрлаат.
ЗОШТО ДОЕЊЕТО Е НАЈДОБАР ИЗБОР
Мајчиното МЛЕКО е незаменлива храна за човечкиот организам. Доењето најмалку до 6 месеци му овозможува на БЕБЕТО да ги прими сите хранливи материи и АНТИТЕЛА за правилно функционирање на неговиот имунолошки систем.
Во 2001 година СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ја донесе резолуцијата 54.2 со која се препорачува доењето на БЕБИЊАТА да се продолжи колку што е можно подолго.Уште за време на бременоста, мајката често размислува за доење на своето идно дете. Притоа таа треба да се запознае со сите можни проблеми (како да ги препознае така и да ги избегне). Подготовките за доење треба да се започнат уште пред бебето да се роди.
Доењето е природен процес, а техниката на доење се учи, затоа клуч на успешно доење е во вежбање и трпение. Доењето треба да започне веднаш после породувањето во тек на првиот час, и да се дои онолку често колку што бара самото бебе, без никакви ограничувања во честотата и времетраењето. Ексклузивно доење без никакви надокнади е идеална исхрана на бебето во првите 6 месеци.
Мајчиното млеко не само што претставува прехрамбено најкомплетна храна за бебето, со која се обезбедува правилно растење и развој, туку и има одредени користи како за бебето така и за мајката.
Корист за бебето
Корист за мајката
Предности на доењето
Контраиндикации за доење
Постојат мал број на состојби кога е контраиндицирано доењето. Тоа се:
- Бебе чија мајка е тешко болна (психоза, екламсија, шок)
- Бебе со вродена болест на пореметување на метаболизмот (галактоземија, фенилкетонурија, болест на јаворов сируп)
- Бебе
чија мајка има потреба да прима лекови каде е контраиндицирано доењето
(цитотоксични лекови, радиоактивни лекови, антитиреоидни лекови)
ДОХРАНА НА ДОЕНЧИЊАТА
Дохрана е се она со што бебето се храни, а не е млеко.Со дохрана се започнува обично во шестиот месец.Новите продукти треба да се воведуваат постепено, еден по еден, за да се види како бебето ги прифаќа.Дохраната се започнува со една лажичка дневно и постепено се зголемува до полн оброк.
Kaj доенчињата кои се хранат со адаптирано млеко дохраната почнува во петтиот месец.
Kога почнувате со дохра на кај бебето задолжително консултирајте се со Вашиот педијатар.